Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД во соработка со Комунална Хигиена продолжија со собирањето на пластика од домаќинствата во Влае На 1 и 2 март 2008, Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД во соработка со ЈП Комунална Хигиена ја поддржа програмата за собирање на пластика низ домаќинствата во Влае. На 1600 домаќинства добија кеси за собирање на ПЕТ шишиња. Учениците од основното училиште “Димо Хаџи Димов“ им се придружија на вработените од Комунална Хигиена за време на делењето на кесите по домаќинствата промововирајќи го рециклирањето на пластика како еден од клучните чекори за зачувување на животната околина. Во истото време се одвиваше и акцијата на чистење на училишниот двор, во која што учество зедоа учениците, наствниот кадар, тимот на Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД и вработени во експозитурата на ПроКредит Банка во Карпош. |
“Многу е важно да ги ангажираме младите во прокети кои што ја промовираат заштитата на животната средина. Ја поддржуваме идејата учениците да ја шират пораката за заштита на оклината- кога се директно ангажирани тие на најдобар начин ја испраќаат поракат за промени“, изјави дирекотрката на училиштето г-ѓа Лела Николовска. На 15 ноември 2007 год, Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД, потпиша Меморандум за соработка со општина Карпош за спроведување на пилот проект за рециклирање на пластичен отпад. Американскиот народ преку УСАИД инвестираше $30,000 во овој проект, општината вложи $ 30, 000, додека $ 40,000 беа инвестирани од ЈП Комунална Хигиена. Програмата за собирање во Влае уследи по успехот кој што беше постигнат со Програмата за собирање на ПЕТ во Тафталиџе 1 и 2. БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
|









