Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


УСАИД Проектот за рециклирање пластика, во соработка со Комунална хигиена, започнуваат со програмата за собирање пластика во домаќинствата во општината Карпош

На 28 Јануари 2008 , учениците од Клубот за рециклирање од основното училиште “ Братство ”, Скопје ќе се придружат на вработените на Јавното Претпријатие “ Комунална хигиена ” во доставата на пластични кеси за собирање на ПЕТ шишиња во индивидуалните домаќинства во населбата Тафталиџе 2.



Градоначалникот на град Скопје, Трифун Костовски, Градоначалникот на Карпош, Андреј Петров и Директорот на “ Комунална хигиена ” , Златко Димовски исто така ќе учествуваат во доставата на првите кеси. Овој настан претставува голем чекор напред во имплементацијата на Општинската програма за собирање (ПЕТ) пластика.

Клубовите за рециклирање, спонзорирани од УСАИД се главен елемент во подигнување на јавната свест во врска со важноста на рециклирањето. Учениците во овие клубови се стекнуваат со знаење за рециклирањето и организираат активности со кои едуцираат други ученици како и пошироката заедница.

" Децата се нашата иднина и со тоа што активно ги вклучивме во заштитата на животната средина им покаж a вме дека тие навистина имаат моќ да направат позитивни промени, " изјави УСАИД Директорот за комуникации, Олја Като.

" Ние сакаме да живееме во почисто Скопје, во почиста животна средина. Затоа денес започнуваме нов тренд во општината Карпош - собирање и сел e кција на отпадот во домовите. Ова е важен чекор во реализација на визијата што ја делиме со УСАИД, да создадеме успешен ситем за менаџирање со отпад во целиот град, " изјави Трифун Костовски, Градоначалник на град Скопје.

УСАИД Проектот за рециклирање пластика, во соработка со општината Карпош и “ Комунална хигиена ” , ќе придонесат за поголемо собирање на ПЕТ шишиња потребни за да се воспостави ефикасна и економски оддржлива програма за рециклирање ПЕТ во Македонија.


БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат Македонија кон стабилна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји . За повеќе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov

 

 

 

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project