|
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
| |
|
| |
| Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја: |
 |
|
|
| |
|
| |
|
|
|
Форум на Штуловиот Универзитет посветен на менаџирањето со отпад во Полошкиот регион
Во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Институтот за животна средина и здравје беше промовирана првата фаза од Проектот за Управувањето со комуналенален и цврст отпад.
Преку овој проект оваа високонаучна образовна институција сака да изнајде модел за справувањето со отпадот во поширокиот Полошки регион.
|
|
Форумот го отвори ректорот на Универзитетот проф. Д-р. Муртезан Исмаили кој даде осврт за потребата на подигнување на свеста кај населението, претставникот на Компанијата за Интер Инженеринг Г-дин Френк Ридел говореше на темата „начинот на рециклирање на органскиот отпад во Р. Германија, како и можноста за производство на биодизел”, додека Проектот за Рециклирање Пластика го претстави менаџерот на проектот, Г-дин Аријан Тоска.
Во Полошкиот регион се наоѓаат 8 општини односно 5% од вкупната површина на Р. Македонија или 15% од вкупниот број на жители.
Форумот беше организиран со поддршка од УСАИД - Проектот за Рециклирање Пластика.
БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат Македонија кон стабилна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји . За повеќе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov
|
|
|