Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


УСАИД и Општината Кочани иницираа успешна програма за рециклирање на пластика

На 19 Декември, 2007, Проектот на УСАИД за Рециклирање на Пластика потпиша Меморандум за Соработка со општината Кочани за имплементација на својата програма за собирање на пластичен отпад. УСАИД за оваа намена одвои 30.000 долари за конструирање на “еколошки остров”,каде што жителите на Кочани можат да го остават својот пластичен отпад. Програмот вклучува и кампања за подигнување на јавната свест со намена да ги едуцира младите за важноста на рециклирањето.



“ Овој Проект не само што и помага на локалата власт да води подобра грижа за околината, но во исто време го промовира рециклирањето како практичен бизнис во Македонија. “ изјави Заменикот Директор на Мисијата на УСАИД во Македонија, Том Навратил за време на церемонијата. “ Јас сум многу горд на Општината Кочани за тоа што покажа лидерски способости и гледа кон иднината. Идејата да се спроведе и кампањата за едукација на младината е мудро и соодветно во исто време бидејќи тие се иднината и надежта на оваа земја.” рече Навратил.

Пристапот кој го има Проектот на УСАИД за Рециклирање на Пластика е дво наменски-да формира систем за колектирање, транспорт, процесирање, маркетинг и продажба на ПЕТ материјали и во исто време да формира партнерства помеѓу инволвираните страни во процесот на рециклирање и намалување на пластичниот отпад во земјата. Проектот става акцент на важноста од јавноста во формирањето на практичен механизам за собирање на пластика. Тој се фокусира на младината како најефективен канал за пренесување на пораката кон пошироката јавност. Кампањата за подигнување на свеста вклучува презентации во училишта, видео презентации на процесот на ПЕТ рециклирање, постери, флаери и формирање на училишни еколошки клубови.

Кочани е една од четирите пилот општини која лансираше програм за рециклирање на пластика во 2007 година. Интересот и позитивните реакции од страна на градоначалниците ширум земјата е импресивен и Проектот има во план да ја прошири својата дејност наредната година, во уште 8 нови општини.

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат Македонија кон стабилна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји . За повеќе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project