Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Со поддршка на УСАИД воспоставена успешна програма за рециклирање на пластика во Општина Струмица

Денес, 6 Декември, 2007 година Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика ќе потпише Меморандум за соработка со Општина Струмица, за имплементација на пилот проектот за рециклирање на пластичен отпад. Американскиот народ преку УСАИД во овој проект инвестираше $30,000 за конструкција на соодветни “еколошки острови” каде граѓаните ќе го одлагаат пластичниот отпад. Исто така, програмата вклучува јавна кампања за едукација на младите за важноста на рециклирањето на пластика.



“Одржливоста е столб на овој проект” изјави Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Патриша Рајдер на потпишувањето на Меморандумот. “Креираното партнерство”- помеѓу донаторите, општините и јавните комунални претпријатија- ќе се одржи и по завршувањето на проектот. Ви честитам на сите, особено на градоначалникот Зоран Заев, за вашиот силен ангажман за успешноста на оваа програма, изјави Рајдер.

Струмица е една од четирите пилот општини која започнува кампања за рециклирање пластика оваа година. Програмата, која исто така го промовира рециклирањето како применлив бизнис во Македонија, заинтересира голем број градоначалници низ земјата. Врз основа на резултатите од пилот фазата, програмата ќе се прошири и во другите општини во Македонија.

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат Македонија кон стабилна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји . За повеќе информации, посетете ја следнава веб страна: http://macedonia.usaid.gov.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project