Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Инвестиција од 100.000 долари за рециклирање на пластичен отпад во Општината Карпош, од страна на УСАИД, јавниот и приватниот сектор

Денес, 15 Ноември, 2007 година, Проектот на УСАИД за Рециклирање на Пластика ќе потпише Меморандум за соработка со Општина Карпош, за имплементација на пилот проектот за рециклирање на пластичен отпад.

Американскиот народ преку УСАИД во овој проект инвестираше 30000 долари, 30000 инвестираше Општината Карпош и останатите 40000 се инвестирани од јавното комунално претпријатие Комунална Хигиена.
“Рециклирањето на пластичен отпад е практичен бизнис кој помага во развојот на капацитетот на општините, воедно креирајќи и здрава, еколошка и економска средина, особено за младите луѓе со иновативни идеи “ изјави градоначалникот на Карпош, Андреј Петров.

“Зачувувањето на околината во Македонија е голем дел од помошта и мисијата на Американската Влада. Овој проект е совршен пример за тоа како Владата, приватниот сектор и локалната заедница, можат со взаемна соработка да ја зачуваат и заштитат околината и да ги едуцираат идните генерациои за важноста од рециклирање”.изјави Заменикот на Мисијата на САД во Македонија, Томас Навратил.

Општината ќе соработува со приватниот сектор и со невладини организации за да се конструираат и опремат “еколошките острови”, каде граѓаните ќе можат на безбеден начин да се ослободат од пластичниот отпад. УСАИД исто така ќе ја подржи и имплементацијата на кампањата за подигнување на јавната свест. Во Карпош оваа кампања ќе започне во основните училишта, каде децата ќе бидат едуцирани за важноста од рециклирање на пластичниот отпад.

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project