Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Комисијата за траспорт, врски и екологија го поддржаа предлог Законот за пакување и отпад од пакување

На 24 ноември 2009, во Собранието на Република Македонија беше одржана седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија на која за прв пат се читаше Предлог Законот за пакување и отпад од пакување.

На седницата присуствуваа сите членови на Комисјата предводена од Тито Петковски, Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, како и предлагачите на измените во законот: Александар Лазаров, претеседател на Асоцијацијата на рециклатори на ПЕТ (ПЕТРА); Зоран Димов, претставник на собирачите на ПЕТ; Михаил Матевски, сопственик на фабрика за рециклирање Гринтек- Македонија; Жаклина АнгелковиЌ- Пауновска, НВО Еднакви за сите, Кочани; Хаки Иљази, споственик на комапнијата Еко- Флор; Арбен Фејзулаи, соптвеник на компанијата Мухамед АГ. Беа присутни и дел од градоначалниците од општините во кои што се спроведуваше Прокетот за рециклирање на пластика на УСАИД,  градоначалникот на Струмица Зоран Заев и градоначалникот на општина Брвеница, Еневер Пајазити.

На средбата беа повторени сугестиите на предлагачите за подобрување на членовите во законот кои што се однесуваат на зголемување на националните таргети за собирање и рециклирање на ПЕТ, инклузија на неформалните собирачи на ПЕТ и скратување на рокот за почеток на имплементација на законот.

По презентацијата на предлог законот од страна на  Министерот Јакупи секој од предлагачите имаше можност да ги изложи своите аргументи.

Предлозите за зајакнување на законот во име на ПЕТРА (Асоцијација на рециклатори на Македонија) ги образложи, председателот на аосцијацијата Александар Лазаров.

Зоран Заев, градоначалникот на Струмица, даде целосна поддршка за законот при што предложи и лично да ги изработи подзаконски акти во согласност со целите на Здружението на рециклатори на РМ (ПЕТРА).

Зоран Димов пак говореше за застапеноста и значењето на неформалните собирачи на ПЕТ. Тој исткна “Околу 70% од ромската популација преживува од собирањето на пластичниот отпад. Со цел да бидат застапени нивните права, потребно е во управниот одбор да биде присутен претствник на собирачите“.

Михаил Матевски, Директор на Гринтек- Македонија ги пренесе искуствата од Србија и Романија и предложи формирање на дата база во која што ќе се регистрираат количините на амбалажа за рециклирање.

Свои коментари изложија и Славко Ружиновски, заменик директор на ЈКП Комунална Хигиена; Хаки Илијази, споственик на Еко- Флор; Арбен Фејзулаи, сопственик на Мухамед- Аг; Жаклина Пауновска- Ангелковиќ.

 


БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project