Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Проектот зелени училишта проширен во нови 15 ОУ низ Македонија

На 10 октомври 2009, Извршниот Директор МДЦ-ТИ.НЕТ и Раководител на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, Аријан Тоска го потпиша договорот со Академијата за развој на образованието, која го спроведува Проектот на УСАИД за оснoвно образование.

Во новата фаза проектот ќе биде спроведен во нови 15 основни училишта во Македонија. Училиштата ќе бидат поканети преку јавен повик да конкурираат за учество во програмата. (повеќе диркетно на линкот за Зелени училишта www.greenschools.org.mk).

Пилот-фазата на проектот Зелени училишта се спроведе во 5 училишта низ Македонија во периодот 1 јуни 2008- 31 јули, 2009. Пилот-фазата резултираше со методологија за трансформација на училиштата во средини што ќе бидат пример за: енергетска ефикасност, правилен третман и селекција на отпад, заштеда на вода и промена на навиките за траспорт до училиштата. Во сите училишта беа основани и Зелени клубови, кои работеа според стандардот ИСО 14000 адаптиран на потребите на училиштата. Со цел да се вршат континуирани мерења и следења на состојбите, како и изведување активности за подобрување на истите, училиштата добија фотоапарати, велосипеди и грант за спроведување на проекти креирани од учениците. Во текот на проектот учениците од Зелените Клубови организираа активности за подигање на јавната свест на ниво на училиште како и во заедниците. На крајот на проектот беа испечатени и дистрибуирани Прирачник за наставниците за спроведување на програмата во училиштето и Дневник за следење на состојбите во училиштата.

 

 


БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project