Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Одржана јавна дебата за новата верзија на Законот за отпад и отпад од пакување

На 27 јуни, 2009 година, во Охрид, Проeктот на УСАИД за рециклирање на пластиka организираше јавна дебата посветена на најновата верзија на Нацрт законот за пакување и отпад од пакување. Настанот беше поддржан и од Амбасдата на Кларството Холандија, преку МАТРА-КАП Програмата.
Покровители на настанот беа Градоначалникот на Охрид, Александар Петревски и Комуналното Претпријатие “ Охридски Комуналец“. Во дебатата учествуваа претставници на општините, јавните комунални претпријатија, Здружението на производители- МАПЕГ, претставниците на идустријата за рециклирање и не-владини организации.

На настанот, по презентација на новиот нацрт на Законот за пакување и отпад од пакување, коментари и сугестии дадоа претставниците на сите засегнати страни: општините, јавните/ приватни комунални претпријатија и индустријата.

4

Во своите обраќања до присутните: Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, Високиот претставник на Делегацијата на ЕУ и Шеф на делегацијата на Европската Комисија во Македонија, Ерван Фуере, Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи; ја дадоа својата поддршка за што посокоро донесување на овој закон воедно поздравувајќи го инклузивниот процес при финализиарање на законот.

Директорот на секторот за економски развој при УСАИД/ Македонија, Тимоти Хамон се осврна на инвестицијата на УСАИД преку Проектот за рециклирање на пластика и ги истакна повеќекратното значење на Законот за пакување и отпад од пакување. “Со овој закон субјектите од индустријата ќе имаат обвсрка да се погрижат за искористената амбалажа, а доследноста во спроведувањето на законот ќе има позитивен ефект врз животната средина и ќе ја намали ранливоста на индустријата за рецкилирање во однос на надворешните економски влијанија“, истакна г-дин Хамон.

Со цел да се добие појасна слика за практичното фукнкционирање на овој тип закон, на настанот беа поканети експерти од Република Бугарија. Министерството за животна средина и води на Република Бугарија го преставуваше Марија Нинова, додека индустријата на пакување/ рециклрање ја претствуваа Тихомир Лазаров, Технички директор на ЕКОПАК и Милен Димитров, Раководител на ЕКОБУЛПАК.

123

 

Настанот во Охрид, е втора јавна дебата организирана од странана на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, првата беше организирана на 18 март во Скопје. На 24 декември, 2008 год., Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика потпиша Меморандум на соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за обезбедување техничка подршка при финализирање на Законот за пакување и отпад од пакување. Јавните дебати се составен дел од оваа поддршка. Во изминатиот период, преставници на министерствотото, општините, комуналните претпријатија и компаниите имаа можност да одат на студијско патување во Реп. Бугарија каде што имаа можност и директно да се запознаат со функционирањето на Законот за пакување.



БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project