На 16 мај, 2009, МДЦ-Ти.Нет се вклучи во одбележување на Денот на Европа, на настанот насловен Европска Куќа. Активностите на МДЦ-Ти.Нет се одвиваа на две локации. Главната активност беше сместена во ткн. Двор на Европската куќа, каде што група од 100 деца го прикажаа процесот на рециклирање на пластика.
Благодарение на ЈКП “Комунална Хигиена“ беше донесен жичан контејнер во кој што основците ги едуцираа посетителите како да го селектираат пластичниот отпад. Облечени во жолтите маички со ПЕТ-МЕН, маскотата на Прокетот на УСАИД за рециклирање на пластика, наоружани со позитивна енергија дел од нив ја селектираа пластиката по боја; дел ги отстранува капачињата;слектираните ПЕТ- шишиња ги пресуваа рачно и ги спремаа за балирање, по што би биле “понудени“ на компаниите рециклатори. Оваа активност го привлече вниманието на Високиот претствник на Европската Делегација и Шеф на канцеларијата на Европска Комисија во Македонија, Ерван Фуере. Тој во кратката дружба со учениците од ОУ“ Димо-Хаџи Димов“, се запозна со активностите во “дворот“, како и еколошките активности во текот на целата година.
На настанот МДЦ-ТИ.Нет имаше и свој простор на кој што беа презнетирани пропагандните материјали и беа присутни челновите на тимот кои што одговараа на бројните прашања од граѓаните.
|















