Во периодот мај 25-28, 2008 год., Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика организираше студиско патување во кое што учество земаа партнерите на проектот: претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, општински инспектори за справување со отпад, јавните комунални претпријатија, МАПЕК (Здружение на пакувачи на Македонија) и ПЕТРА (Здружение на рециклатори на ПЕТ). Студиското патување беше органзирано во рамките на техничката помош која што Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика ја обезбедува за Министерството за животна средина и просторно планирање во процесот на финализирање на Законот за пакување и отпад од пакување. (закон) Во текот на три-дневната посeта на Бугарија имаа можност да се сретнат со претставници од јавниот и приватнниот сектор: експертски тим од бугарското Министерство за животна средина и води, предводен од г-ѓа Марија Нинова, Раководител на дирекцијата за пкување и управување со отпад при Министервото за животна средина и води (www.moew.government.bg ), тим на ЕКО ПАК, предводен од г-дин Тихомир Лазаров, Технички директор (www.ecopack.bg ); тим на ЕКОБУЛ ПАК преставува од г-дин Милен Димитров, Раководител на сектор за набавки и г-ца Гроздана Јанчева, Раководител на секторот за маркетинг и односи со јавноста (www.ekobulpack.com) ; како и претставници на општина Благоевград, предводени од г-дин Валентин Василев, Заменик на градоначалникот и г-ца Калинка Спасова, Раководител на секторот за екологија. Од собраните искуства може да се издвојат клучните: чекорите кои што Бугарија ги направи со цел да го прилагоди законодавството кон регулативите на ЕУ; принципот чекор- по –чекор применет во креирањето на систем за рециклирање на отпад; акцентирана потребата од креирање на база на податоци во која ќе бидат внесени сите компании од овој сектор; два модели на собирање и рециклирање на пластичен отпад презентирани од претставниците на на компаниите ЕКОПАК и ЕКОБУЛ ПАК; јасни насоки даде и Министерството за животна средина и води во правец на креирање на функционален систем на мониторинг кој што ќе му овозможи на министерството да ги дефинира давачките како и да ги прати состојбите во областта на рециклирањето на национално ниво.
|









