Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Струмица, Настан под отворено небо “Зелена Струмица“ организиран од Прокетите на УСАИД за рециклирање на пластика и Основно Образование

Проектот за Рециклирање Пластика на УСАИД во соработка со Проектот за Основно Образование, на 23 Мај, 2009 организираа настан на Плоштадот во Струмица, со цел да се промовираат активностите  и да се подигне јавната свест за потребата од заштита на животната средина.

Домаќин на настанот беше Градоначалникот на Струмица, Г-дин Зоран Заев, како и Градоначалниците на Општините Ново Село, Василево и Босилово.
Настанот го означи финализирањето на пилот програмата Зелени Училишта, преку претставување на портфолиата на учениците вклучени во петте Зелени Клуба, како и квиз на теми од животната средина како: енергетска ефикасност, рециклирање, вода, транспорт.
Настанот беше можност за партнерите на проектот на општинско ниво да ги презентираат своите активности и достигнувања. Во рамки на настанот, акција за чистење беше организирана низ центарот на Струмица во која земаа учество ученици од основните училишта, носејќи брендирани жолти маички на Проектот.

Заменик Директорот на Мисијата на УСАИД Македонија, Г-дин Тимоти Донеј, додели Сертификати на пет училишта за успешно имплементирање на пилот проектот.

Преку Проектот за Рециклирање Пластика, УСАИД во општините Струмица, Ново Село и Босилово обезбеди  контејнери и пластични ќеси за селекција на пластика. Во рамките на пилот фазата, за Општина Струмица беа донирани 30.000 УСД за набавка на 25 пласични и 10 жичани контејнери, како и хидраулична преса, додека во новата фаза, Василено, Ново Село и Босилово добија 30.000 УСД за набавка на 49 контејнери и спроведување јавна камапња.




БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project