На 27 јануари 2009 УСАИД проектот за рециклирање на пластика беше домаќин на г-динот Муамед Љатиф, Регионален претставник на УСАИД за животна средина при Канцеларијата на УСАИД за Европа и Евроазија |
|||||
На 27 јануари 2009, г-дин Муамед Љатиф, Регионален претставник на УСАИД за животна средина при Канцеларијата на УСАИД за Европа и Евроазија,во рамките на посетата на програмите во Макеоднија имаше прилика да се запознае и со напредокот на Проектот за рециклирање на пластика. Целта на постетата беше евалуација на примената на стандардите за заштита на животната средина кои што проектите на УСАИД би требало да ги применуваат. Со цел да се запознае со сите аспекти на Проектот за рециклирање на пластика, за г-дин Љатиф беше организирана посета на рециклажниот двор менаџиран од ЈП Комунална Хигиена, канцеларијата на градоначалникот на Град Скопје и Гринтек- компанија рециклатор. При посетата на рециклажниот двор г-дин Љатиф се запозна со можностите на капацитетот , плановите за новите инвестиции од страна на Комунална Хигиена и предизвиците во однос на одржувањето на капацитет од ваков тип. На средбата со градоначалникот на Скопје, г-дин Трифун Костовски, г-дн Љатиф ги сподели позитивните впечатоци од состојбите на терен и успешното спроведување на програмоата за рецикирање во град Скопје. Во споредба со останатите земји во регионот, г-дин Љатиф истакна дека Македонија е лидер во однос на воспоставените системи за примарна селекција на ПЕТ отпад. Тој воедно ја искористи приликата да ги поздрави заложбите на партнерите на проекктот во процесот на креирање на системот за селекција,собирање, складирање и рециклирање на пластичен ПЕТ отпад. Посебно г-дин Љатиф ја спомена во позитивна конотација улогата на неформалните собирачи- ромите. Голема поддршка тој даде и за продолжување на камапањите за подигање на јавната свест, кои што, според него му даваат нова димензија на прокетот. Високо беа оценети и едукативните часови кои што прокетот ги спроведе во соработка со вработените од ЈКП Комунална Хигиена, низ основните училишта на територија на град Скопје. Средбите со проектните партнери на Проектот за рециклирање на пластика, г-дин Љатиф ја заврши со посета на компанијата за рециклирање Гринтех, која беше и грантист на прокетот. Во текот на прошетката низ погоните на фабриката, г-дин Љатиф имаше можност да се запозне со капацитетот и со нашинот на кој ПЕТ-от се преработува до форма на гранулат. Миахил Матевски, споственикот на Гринтех зборуваше за најновите трендови во индустријата на рециклирање наспроти глобалната финансиска криза.
|









