Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


САД помага во акцијата за чистење и рециклирање на пластичниот отпад во Општина Гостивар

На 8 Ноември, 2007, Проектот на УСАИД за Рециклирање на Пластика ќе потпише Меморандум на Разбирање со Општината Гостивар, за имплеметација на програмата за собирање на пластичниот отпад.

Американскиот народ, преку УСАИД инвестираше 30, 000 долари во оваа општина, за имплементација на колекторскиот систем и за спроведување на кампањата за подигнување на јавната свест.
“Македонија е убава земја и заслужува да биде заштитена. Овој проект е совршен пример за тоа како владата, приватниот сектор и локалната заедница можат заедно да ја заштитат и зачуваат околината за идните генерации,” изјави Марсија Вонг, Директотрот на Канцеларијата на УСАИД за Економски развој. “Рециклирањето на пластичниот отпад станува легален бизнис, кој може да креира многу нови работни места во Македонија. Многу сум благодарен на УСАИД за нивниот придонес кон таа идеја,” изјави градоначалникот на Гостивар, Незват Бејта.

Гостивар е првата, од четирите пилот општини, која ја спроведе програмата за собирање на пластика. Како дел од програмата, општината ќе работи заедно со приватниот сектор и со невладините организации за да се конструираат и опремат “еколошките острови”, каде граѓаните ќе можат на безбеден начин да се ослободат од пластичниот отпад. УСАИД исто така ќе ја подржи и имплеметацијата на кампањата за подигнување на јавната свест кај луѓето. Во Гостивар оваа кампања ќе започне во основните и средните училишта, каде децата ќе бидат едуцирани за важноста од рециклирање на пластичниот отпад.

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони $. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Оие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат Македонија кон стабилна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации ве молиме посетете ја следнава веб страница: http://macedonia.usaid.gov.

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project