Куманово, Прокетот на УСАИД за рециклирање на пластика, на 7 ноември 2008, го промовираше стартот на општинската програма за примарана селекција на пластичен отпад |
Во присуство на повеќе илјади граѓани на Куманово, Прокетот на УСАИД за рециклирање на пластика, на 7 ноември 2008, го промовираше стартот на општинската програма за примарана селекција на пластичен отпад. На промотивниот настан кој се одржа на градскиот плоштад во Куманово говореа, градоначалникот Зоран Дамјановски и Заменикот Амбасадор на САД во Македонија, Томас Навратил. Преку Проектот за рециклирање на пластика, УСАИД ги поддржува владата, општините, јавните и приватните компании и училиштата во обезбедувањето на потребната инфраструктура и вештини како и во едукацијата на нашите деца за зачувување на животната средина, изјави во своето обраќање Заменикот Амбасадор на САД, Томас Навратил... Голем број ученици од основните училишта облечени во препознатливите жолти маици со ознака “Собирај ПЕТ за подобар свет”, градинките, граѓани се придружија на манифестацијата. Најмладите преку песна и игра, учениците своите пораки ги испишаа на траспаренти, додека граѓаните се вклучија во акцијата на собирање на пластика ПЕТ. На плоштадот беа поставени и дел од новите контејнери, кои што со грантот на УСАИД беа набавени за успешно спроведување на селекцијата на пластишниот ПЕТ отпад. Неколку невчадини организации од Куманово ги помовираа своита актовнсти посветени на градење интер-етнички дијалог, превенција од употреба на наркотични средства, едукација на ромската популација и др. Презентација на актовсонтите имаа и не-владините Липа и Врама си, кои што во рамките на Проектот на УСАИД за рециклирање пластика, ќе ја спроведуваат кампањата за подигање на јавната свест. Атмосферата кулминираше со настапот на младиот Денис Димовски, кој ја исполни химната на Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика “Градски рај” |
БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ: |









