Проектот на УСАИД за рециклирање пластика се прошири во Скопје |
Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика во соработка со градот Скопје и јавното комунално претпријатие „Комунална Хигиена” го означија лансирањето на Општинската програма за селекција на ПЕТ отпад. Целта на настанот е да се промовира кампањата и новиот пилот проект „Зелени училишта”. Кампањата е фокусирана на промоција на рециклирањето пластика и соодветниот однос на отпадот за зачувување на чиста околина. Компонентата „Зелени училишта” ќе биде воведена во 30 основни училишта. Вработените во јавното комунално претпријатие „Комунална Хигиена” и невладините организации ќе одржуваат едукативни часови. Првиот час за ПЕТ рециклирањето ќе биде одржан од страна на учениците од основното училиште „Димо Хаџи Димов” од Скопје. „Верувам дека чистата околина е најубавиот подарок кој можеме да го дадеме на нашите деца. Улогата на образовниот систем е многу важна во овој процес. Образованието за подигање на свеста за околината, соодветни санитарни услови, и набљудувањето на чистината на училишниот двор и околина е особено важно за постигнување на позитивно, развојно познавање на околината и подобар квалитет за живот.” изјави Директорот на Мисијата на УСАИД г. Мајкл Фриц. Основното училиште „Петар Поп - Арсов” од Скопје ја прими првата награда за собирање на најмногу ПЕТ отпад, односно 350 кг. за време на училишната година 2007/08. училиштето беше едно од 14 кои беа вклучени во пилот фазата, имплементирана од ноември 2007 до јуни 2008. Градоначалникот на град Скопје, г. Трифун Костовски, ја предаде наградата, статуа во облик на маскотата ПЕТ – МЕН. Поради успешното завршување на пилот фазата, во јуни 2008, Проектот ги прошири своите активности во 20 нови општини, вклучувајќи го и градот Скопје. Во новата фаза, проектот ќе се фокусира во организација на активности за чистење во заедницита, организација на јавни дебати за однесување кон отпадот и кон рециклирирањето пластика, поддржување на партнери во одржувањето на едукативни часови и зголемувањето на членство од страна на граѓаните, невладините организации, локалните бисниси во одржувањето на чиста околина. Проектот за рециклирање пластика на УСАИД вреден 1.2 милиони долари е имплементиран од МДЦ-ТИ.НЕТ во партнерство со општините, како и јавните или приватни претпријатија. Проектот иницираше програми за собирање пластичен отпад и основаше Клубови за рециклирање во основни училишта, опреми еколошки острова, и поддржа 8 компании за рециклирање со соодветна опрема. |
БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ: |









