Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика се прошири на тетриторијата на град Скопје


Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика во соработка со град Скопје и ЈКП Комунална Хигиена на 15-ти септември, 2008, го означија стартот на Општинската програма за селекција на пластичен ПЕТ отпад која што ќе се спроведува на целата територија на Скопје. Нанастанот беше организиран во ОУ “Мирче Ацев”, Ѓорче Петров.

Во оваа фаза, акцентот ке биде ставен на програмата за едукација која што ќе спроведува во 30 училишта на територија на град Скопје. Едукатори на тема селекција на ПЕТ пластичен отпад ќе бидат вработените од ЈКП Комунална Хигиена, регионалните координатори од проектот за рециклирање на пластика и невладини организации.  Во рамките на грантот предвидено е и поставување на 87 жичани контејнери за селекција на ПЕТ отпадот.

“Верувам дека чистата околина е најубавиот подарок кој можеме да го дадеме на нашите деца. Улогата на сите вклучени во образованието е од големо значење во овој процес. Едукацијата чија цел  е подигање на свестта за животна околина, санитарните услови и набљудувањето на хигиенските услови во училиштето и во училишниот двор се мошне важни компоненти со цел да се подобри квалитетот на условите за живеење”, изјави Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, г. Мајкл Фриц.

Министерот за животна средина, г.Неџати Јакупи им порача на пристуните преставници на локалната власт- градоначалникот на Скопје, г.Трифун Костовски градоначалникот на гардоначалникот на општина Ѓорче Петров; претставници на  ЈКП Комунална Хигиена; наставниците и учениците дека само со заедничко делување ќе успееме да создадеме зелени училишта кои што ќе бидат пример за чиста и здрава животна средина.

Основното училиште „Петар Поп - Арсов” од Скопје ја прими првата награда за собирање на најмногу ПЕТ отпад, односно 350 кг. за време на училишната година 2007/08. училиштето беше едно од 14 кои беа вклучени во пилот фазата, имплементирана од ноември 2007 до јуни 2008. Градоначалникот на град Скопје, г. Трифун Костовски, ја предаде наградата, статуа во облик на маскотата ПЕТ – МЕН.

 

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project