Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


ЗАВРШИ КАМПАЊАТА ДЕНОВИ  НА РЕЦИКЛИРАЊЕ ВО ОХРИД

Во периодот 25 јули- 03 август, 2008, во Охрид,  Проектот на УСАИД за рецклирање на пластика ја организираше кампањата насловена Денови на рецикирање. Мото на кампањате беше Заедно за чиста Охридска ривиера. Актиовностите беа спроведени во соработка со општина Охрид, ЈП Охридски Комуналец и невладината организација Јагода.

Целта на кампањате беше сензибилизирање на јавността за правилен третман на пластичниот отпад.  Во активностите беа вклучени ученици од основното училиште Григор Прличев, волонтери кои што секојдневно дистрибуираа едукативни брошури, граѓани кои што со голем ентузијазам учествуваа во акциите на чистење и медиумите кои што секојдневно ја информираа јавността за настаните. 

За време на акциите за чистење кои што симултано се случуваа на 26 јули, во Охрид и Струга, учествуваа повеќе од 300 граѓани. Само за еден час н аплажаат Далјан во Охрид беа собрани повеќе од 50 кг пластичен отпад, додека, во Струга пак, граѓаните на женската плажа донесоа над 200 кг пластичен отпад. Најктивните беа наградени со капи, маици и сокчиња обезбедени од М&A Beveridges и Горска.

1891011

121314152

34567

Кампањата започна со спектакуларен хепенинг на плоштадот Климент Охридски. На отворањето говореа Мери Цуцуловска, ВД Директор во секторот економски развој во УСАИД и Томе Џамтоски, Лице за односи со јавноста во општина Охрид.

“Зачувувањето на чиста животна средина е глобален проблем со кој се соочува и нашата земја. Воспоставувањето на метод за примарана селекција на пластичен отпад е мошне важен чекор кон зачувувањето на животната средина. Токму од овие причини сите фактори во опшетството вклучувајќи ги граѓаните, преставниците на локалната самоуправа и невладините организации со здружени сили би требало да бараат солуции” ,истакна Мери Цуцуловска, ВД Директор во секторот економски развој во УСАИД.  

Со цел да се анимираат различни возрасни групи, беа организаирани и забави на кои што се промовираше рециклирањето преку видео спотови. Забавите беа организирани во кафулето Ликвид и на плажата Куба Либре во Охрид.
Последниот ден од кампањата беше повторно резевиран за најмладите кои што во кампањите на проектот за рециклирање имаат посебна улога. На 30 јули, на плоштадот во Охрид учениците сликаа контејнери, парвеа најрзлични фигури од употребена пластична амабалажа, учествуваа во едукативниот квиз на М& A Beveridges. На овој начин тие повторно им покажаа на возрасните дека се предводници на промените и промотори на новите трендови за заштита на животната средина

17 18

Кампањата ја поддржаа: Министерство за животна средина и просторно планирање, Прилепска Пиварница, Т- Мобиле, М& А Beveridges, кафе Liquid, Куба Либре, Горска, Антена 5 и Охрдиското Супер Радио.

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови








 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project