Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


ВО ОХРИД СТАРТУВАШЕ НОВАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИКА НА УСАИД

На 19 јуни, 2008, на градскиот плоштад,  беше одбележан почетокот на Општинската програма за собирање на ПЕТ амбалажа во Охрид.

slika23


За прв пат, на транспарентен начин, во присуство на голем број граѓани беше јавно потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општината Охрид, претставена од Градоначалникот Александар Петревски и Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, претавен од Раководителот на проектот Аријан Тоска и Директорката на Мисијата на УСАИД/ Македонија, Патриша Рајдер.

Во своето обраќање, Директорката на Мисијата на УСАИД/ Македонија изјави” Денес ќе ја започнеме официјално соработката со општина Охрид со потпишување на Меморандум за соработка со ггадоначалникот Александар Петрески. Овој важен документ, ќе ја задолжи општината, како и нашиот Проект да се создаде ефективен систем за собирање, селектирање и процесирање на пластичен отпад. Но, не е доволно само да се воспостави систем, туку ние треба да се обидеме и да го смениме размислувањето на граѓаните, да го смениме нивното поведение.”

Г-ѓа Рајдер на карајот од своето обраќање ја најави и јавната кампања која што општината, Јавното Комуниално Претпријатие “Охридски Комуналец” и невладината организација Јагода поддржани од Прокетот за рециклирање на пластика на УСАИД ќе ја спроведуваат во екот на туристичката сезона на различни локации низ градот, плажите, авто-камповите.

“Овој проект значи многу за Охрид и за неговите граѓани, но и за генерациите што доаѓаат, бидејќи со рециклирањето на пластиката придонеуваме најдиректно за обезбедување на здрава животна средина”, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

На крајот од официјалните обраќања, основците од училиштето Ванчо Николески, од с.Лескоец изведоа едукативна програма. Облечени во жолти маички на кои што доминира ликот на ПЕТ-МЕН, учениците веднаш го привлекоа вниманието на јавноста. Тие ведаш започнаа и со поделба на летоци, во форма на пластично шише на кои што се назначени основните придобивки од рециклирањето.

78
77



БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови









 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project