ВО ОХРИД ОДРЖАН ПРВИОТ БИЗНИС ФОРУМ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИКА На 18- 19 јуни, 2008 год, во Охрид, се одржа Бизнис Форум посветен на рециклирањето на пластика во организација на Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД и Италијанскиот институт за надворешна трговија (ИЧЕ). Ова е прв Форум организиран на тема рецикирање во Македонија. На Форумот од страна на експерти од Италија, беа презентирани најновите трендови во Италија и Европа во областа на рециклирањето, поделбата на одговорностите на општинско ниво, како и придобивките од јавно- приватното партнерство. Презентациите беа одржани во присуство на oколу 100 претставници од јавните и приватни комунални претпријатија од Македонија, фирмите рециклатори и претставници на локалната самоуправа. Една од бројните придобивки од овој Форум беа Б2Б средбите (Bussiness то Bussiness) на кои што претставниците на бизнис секторот од двете земји имаа можност да разменат информации и да ги разгледаат можностите за евентуална соработка. На 18 јуни 2008, за време на Форумот беше основана и првата Асоција на рециклирачи на ПЕТ во Македонија (ПЕТРА). Пристапници потпишаа претставници на 21 компанија. На официјалното отворање на Форумот говореа, Директорот на Мисијата на УСАИД/ Македонија, г-ѓа Патриша Рајдер, Амбасадорот на Република Италија во Маедонија, Н.Е. Донатино Маркон и Државниот Секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, г-дин Дејан Пановски. “ Насекаде во светот, светските лидери се фокусираат на улогата на јавниот и приватниот сетор во зачувувањето на планетата. Токму затоа е за поздравување присуството на претставниците на владата, бизнис секторот и локалните власти, кои што на овој начин покажуваат спремност да ги дискутираат постоечките и потенцијалните партнерства кои што можат да пидонессат за развој на рециклирањето како одржлива идустриска гранка”, изјави во својот говор, Директорката на Мисијата на УСАИД/ Македонија, г- ѓа Рајдер. БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ: Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov. |
||
|









