Програмата за собирање на пластика од домаќинствата успешно прифатена од локалните лидери и граѓаните во Гостивар Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД во соработка со ЈП “Комуналец“ - Гостивар на 22 март 2008 година ја започна акцијата за дистрибуција на кеси за селекција на отпад по домаќинствата во Гостивар. Учениците од ОУ “Мустафа Кемал Ататурк“ кои исто така беа вклучени во акцијата впуштија во активноста со голем ентузијазам. На настанот беа присутни Директорот на ЈП “Комуналец“ – Гостивар, Хасип Јусуфи и заменик директорот на училиштето Сашо Мерџаноски. Делегација од Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД беше предводена од Раководителот на проеkтот Аријан Тоска и Љупчо Аврамовски, Стручен соработник. “Мисијата на Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД е да воспостави ефикасна и економски оправдана Програма за рециклирање на пластика, преку создавање на јавно-приватно партнерство во општините. За таа цел, на 8 ноември 2007 година Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД потпиша Меморандум за соработка со општина Гостивар за имплементирање на Програмата за собирање и рециклирање на пластичен отпад и за спроведување на кампања за подигање на јавната свест“, изјави Аријан Тоска, Раководител на Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД. “Наша цел е Гостивар да биде почист град. Затоа денес ЈП “Комуналец“ - Гостивар започнува работа со нови стандарди - собирање и селeкција на пластичниот отпадот во домовите. Ова е многу важен чекор во процесот за зачување на животната средина во Гостивар“, изјави Директорот на ЈП “Комуналец“- Гостивар, Хасип Јусуфи.“Кампањите за подигнување на јавната свест се многу важен сегмент од активностите на Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД. Учениците се нашите гласноговорници и ние сме воодушевени од нивниот ентузијазам. Американскиот народ преку УСАИД го поддржа формирањето на Клубовите за рециклирање во училиштата вклучени во програмата. Самиот факт што учениците од овие клубови се вклучени во денешната акција е доказ дека тие можат да дадат вистински придонес во процесот на подигање на јавната свест кај граѓаните“, изјави Бојан Лазаревски, регионален претставник за Гостивар од Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД. Според претходно утврдениот план беа формирани 15 работни групи составени од по еден вработен во комуналното претпријатие и по два ученика од ОУ “Мустафа Кемал Ататурк“. Секоја група помина одреден реон и на домаќинствата ќе им го презентираа накратко системот за собирање на ПЕТ отпад од домаќинствата и им беше даделена по една жолта кеса за ПЕТ и една сина за хартиен отпад. БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ: Од 1993 година, американскиот народ, преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корумпираноста и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна средина.Овие иницијативи го подобруваат животниот стандард, ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеЌе од 100 земји. За повеЌе информации, посетете ја следнава веб страна http://macedonia.usaid.gov. |
||
|









