Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


Проектот на УСАИД за Рециклирање на пластиката заедно со локалните партнери го прославува Денот на планетата Земјата во Македонија

Во петок, 18 Април 2008, Проектот на УСАИД за Рециклирање на пластиката одржа конференција за печат за да го промовира Меѓународниот Ден на планетата Земјата, кој ќе се одржи на 20ти Април на градскиот плоштад и за да ја информира јавноста за достигнувањата на проектот до сега. Фестивалот е спонзориран од УСАИД, Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и јавната компанија „Комунална Хигиена.„

За време на конференцијата за печат, Трифун Костовски Градоначалникот на град Скопје и Марша Вонг, Директорката на Канцеларијата за економски развој на УСАИД ја повторија потребата за јаки партнерства меѓу сите акционери кои се вклучени во спроведувањето на програма за трајна заштита на околината во Македонија.

slika24

“Заштитата на околината е од голема важност за Македонија, во време кога таа се поставува како вреден член на Европската заедница,” рече Г-ѓа Марша Вонг. “Мило ми е кога гледам дека македонската јавност, владините институции и медиумите се придружуваат на глобалните иницијативи за заштита на нашата планета и подржуваат почиста, поздрава околина со тоа што го собираат и рециклираат пластичниот отпадок.”   

Проектот за Рециклирање на пластиката во вредност од 1.2 милиони долари е реализиран од  страна на MDC TI-NET во партнерство со Општините на Карпош, Гостивар, Кочани и Струмица, како и приватни или јавни компании за менаџирање на отпадокот и НВО секторот. До сега, УСАИД инвестирал повеќе од 500 000 долари во активности на проектот, вклучувајќи програми за собирање и рециклирање на пластика во четири општини,  за основање на Клубови за рециклирање во училиштата, опремување на Еколошките острови, и за помош на осумте компании за рециклирање во обезбедувањето на опрема.  Во моментов, проектот се проширува во уште осум други општини .

slika23slik26slik25

БЕЛЕШКА ДО ИЗДАВАЧОТ:
Американскиот народ преку УСАИД, поцнувајќи од 1993 година има инвестирано скоро 500 милиони долари во Република Македонија. УСАИД имплементира проекти кои креираат работни места, ја намалуваат корупцијата и ги подготвуваат македонските ученици за пазарот на трудот.  Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живеење и ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: http://macedonia.usaid.gov.

 

 

 

 

 

 

 

 

|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активнсоти
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови









 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project