Донации од УСАИД за рециклирање отпад Проектот на УСАИД за рециклирање пластика обезбеди 25 илјади долари за осум македонски компании за рециклирање за да им помогне да инвестираат во нова опрема и алати за процесирање употребени пластични шишиња. |
![]() |
Добитници на донациите се компаниите: Еко Ерас - Велес, Провавил - Скопје, Сончев Рид - Шлегово, Еко Флор - Боговиње, Муамед АГ - Гостивар, ЈП Чистота и зеленило и Баском ИНД - Куманово, ЕРХ Пластик - Скопје и ЈКП Пролетер - Ресен. Компаниите биле селектирани врз основа на износот на собрани пластични шишиња, нивниот организациски капацитет и предложените инвестиции. Инаку во претходните три фази на Проектот, од 2003 година до денес, беа инвестирани повеќе од 150.000 долари, а се планира и инвестиција од милион долари за наредните две години. "Целта на оваа финансиска помош е да се зајакне тековното собирање пластика и да се прошири програмата низ цела Македонија, што ќе доведе до понатамошен развој на економски исплатлива програма за рециклирање на пластика и почиста и поубава држава" - вели Љупчо Аврамовски, директор на проектот на УСАИД за рециклирање пластика. Македонија, со помошта од УСАИД покажа значаен напредок во рециклирањето на пластиката во споредба со минатата година. Количината на собрана и рециклирана пластика е зголемена на приближно 1500 тони годишно, од што се остварени над 600.000 долари од извоз и пораст од 50% во споредба со минатата година. Се претпоставува дека собирањето значително ќе се зголеми кога општините ќе земат поактивна улога во организирање на програма за примарна селекција на отпадот. Во моментов, тимот на проектот за рециклирање пластика работи на имплементирање на Програма за рециклирање пластика во четирите селектирани пилот општини - Струмица, Кочани, Гостивар и Карпош .
|
|










