| ОДБЛЕЖАНО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ЕДУКАТВНИТЕ ЧАСОВИ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ | |||
Во сабота, на 15 ноември 2008, во гимназијата “Никола Карев” во Скопје, во организација на Прокетот на УСАИД за рециклирање на пластика и ЈКП Комунална Хигиена, се одржа спортска манифестација “Спортувај во чиста околина”, со која беше одблежано завршувањето на едукатвните часови за рециклирање. На настанот Учествуваа учениците од сите 30 училишта на територија на Скопје кои што беа вклучени во програмата. Пред да започнат со игрите, учениците ги исчистија спортските терени, во дворот на гимназијата, со што ја испратија пораката “Спортувај во чиста животна средина”. Селектирајќи го пластичниот отпад, најмладите демонстрираа дека наученото вродило со плод.
Откако, терените беа исчистени започна забавата. Жолти маици, песни и игра беше сликата во која што учесниците и случајните минувачи подеднакво уживаа.Спортските активности беа осмислени и спроведени од тимот на проектот “Фан Фудбал” .
Со едукацијата за рециклирање, спроведена во периодот Септември- Ноември 2008, беа опфатен 1000 ученици од 30 основни училишта во Скопје. Едукацијата ја спорведоа тимот од Прокетот на УСАИД за рециклирање на пластика и вработените од Јавното Комунално Претприjатие “Комунална Хигиена”.
|
|||









