Нацрт Закон за пакување и отпад од пакување
 
Воведна дебата за нацрт законот за пакување на отпад, Март 18 2009
23
 

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден на планетата Земја:

Медиумите за проектот
 
ПРЕВЗЕМАЊА
Боенка
2
МКД / АЛБ
 

 


 

ПРОЕКТ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ПЛАСТИКА

Рециклирањето стана важен бизнис сегмент. Во последните децении луѓето ширум светот беа во потрага по изнаоѓање начини за проширување на употребата на материјалите. Рециклирањето им дава нова функција на искористените материјали.

Овој процес има многу предности, вклучувајќи заштита на животната средина, зачувување на природните ресурси и создава нови работни места. Меѓу најпопуларните рециклирани материјали се металите, хартијата и пластиката.

Користењето на пластиката допринесе кон зачувување на други природни ресурси. Пластиката во многу случаи може да го замени картонското пакување, со што се допринесува до зачувување на шумите. Исто така, поради малата тежина на пластиката, потребно е помалку гориво и енергија за транспорт.

Како и да е, пластиката е високо видлив тип на отпад и е штетна за почвата и животната средина. Елиминирањето, или повторното користење преку рециклирање, ќе допринесе до почиста и попријатна животна средина.

Мисијата на УСАИД спонзорираниот Проект за рециклирање пластика, имплементирана од МДЦ – ТИ НЕТ, е да воспостави ефикасен и економски практичен програм за рециклирање пластика имплементиран во Македонија.

Овој проект е продолжение на претходниот пилот проект, кој вклучува суб-грант програм за компетитивно избраните фирми и организации. Пилот проектот помогна во собирањето и рециклирањето на близу 1.500 тони на ПЕТ отпад за период од една година.

Преминувајќи на следната фаза, приоритетот е поставен на зголемување на активностите на собирање и рециклирање и нивно проширување надвор од земјата. Фокусот е поставен на важноста на оваа активност за заедницата, и важноста сите фактори да бидат вклучени.

Овој проект е во врска со собирање, балирање, транспортирање, сечење, процесирање, тргување и продажба на ПЕТ рециклирачки отпад. Исто така е поврзан со мрежно поврзување и вклучување на сите фактори во процесот на намалување на отпадот. Клучот на пристапот на овој проект е развој на економски практичен ПЕТ програм за рециклирање.

Целите на Проектот за рециклирање пластика се следните:

  • Зацврстување на постоечките активности на собирање на ПЕТ и проширување на активностите низ Македонија;
  • Запознавање/помагање на ПЕТ рециклирачот со повисока вредност на пазарот;
  • Зголемување на јавната свест;
  • Обезбедување на основа за одржување на ПЕТ рециклирањето во Македонија.
 
|  English  |   Shqip |
  Дома
  За проектот
  Проектни активности
  Едукација за пластика
  Детско катче
  Објава за јавноста
  Календар на настани
  Галерија на слики
  Н.П.П.
  База на податоци за фирмите
  ПЕТРА
  Формулари
  Контакт

   


Линкови









 | Мапа на сајтот | Политика на приватност | ©2007 Plastic Recycling Project